На бизнис-форумот за инвестициските можности во Македонија, што се одржа во Милвоки, САД, две компании изразиле интерес за посета на македонската држава и подетално запознавање со можностите за инвестирање. Како што информираат од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и владината економска делегација се сретнале и со менаџерскиот тим на компанија од металната индустрија од Милвоки и посетиле дел од производствените капацитети на компанијата. Во седиштето на компанијата Џонсон контролс", која во Македонија е присутна со инвестиции во две фабрики, македонската делегација разговарала за можностите за дополнителни инвестициски проекти во блиска иднина во согласност со потребите за поконкурентна дестинација во Европа за дел од производството на компанијата.
На бизнис-форумот за инвестициските можности во Македонија, што се одржа во Милвоки, САД, две компании изразиле интерес за посета на македонската држава и подетално запознавање со можностите за инвестирање.
Како што информираат од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и владината економска делегација се сретнале и со менаџерскиот тим на компанија од металната индустрија од Милвоки и посетиле дел од производствените капацитети на компанијата.
Во седиштето на компанијата Џонсон контролс", која во Македонија е присутна со инвестиции во две фабрики, македонската делегација разговарала за можностите за дополнителни инвестициски проекти во блиска иднина во согласност со потребите за поконкурентна дестинација во Европа за дел од производството на компанијата.
Пред бизнис-заедницата во Милвоки, во рамки на форумот за инвестициските можности во Македонија, директорот на "Џонсон контролс" го презентирал позитивното искуство на компанијата во Македонија. Од Џонсон контролс" изразиле задоволство од успешноста на нивните две фабрики во Македонија и искажале благодарност до македонската влада за одличната поддршка во фазата на реализација на нивните проекти.
Бизнис-форумот за инвестициските можности во Македонија, што се одржа во соработка со стопанската комора на поширокиот регион на Милвоки, заврши со средба на вицепремиерот Пешевски со градоначалникот Том Барет.
Минатата недела се одржаа бизнис-форуми и средби со компании во Кливленд и Индијанаполис. Во владината делегација освен вицепремиерот Пешевски се и министерот за странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на ДТИРЗ, Виктор Мизо, амбасадорот на Македонија во САД, Зоран Јолевски, и економскиот промотор Дејан Величков. Утре делегацијата продолжува со посета на Минеаполис.